Skip to content

Добредојдовте

Гама-брум е претпријатие за производство и консалтинг услуги кое се наоѓа во Скопје, населба Пинтија. Формирано е во 1991год. од стручни лица кои имаат големо искуство во доменот на технологијата и хемијата.
Примарна дејност на нашето претпријатие е производство на детергенти за домаќинство и индустриски детергенти.
Производството во Гама-Брум се одвива по современа технологија со најквалитетни суровини од познати европски брендови.
Горе споменатото надополнето со нашето богато искуство е гаранција за високиот квалитет на нашите атестирани производи.
Квалитетот е основна и стратешка цел на Гама-Брум за што и го добивме сертификатот ISO 9001:2008 од страна на SGS со бр. Ch09/0491.
Нашиот стручен тим нуди консултантски услуги и професионална помош за имплементација на сите видови ISO стандарди.